Ali Cura
16 Април 2020•Ажурирај: 17 Април 2020
МОСКВА (АА) - Олег Јуравлиев, директор на Центарот за помирување на конфликтните страни во Сирија, при руското Министерство за одбрана, соопшти дека имало конфликт во Сирија меѓу милитантите кои се обучуваат од страна на Соединетите Американски Држави (САД) и радикалните групи контролирани од САД, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Јуравлиев рече дека ноќта помеѓу 13 и 14 април, нелегалните вооружени групи кои биле сместени во базата што припаѓа на американската војска во регионот каде се наоѓа кампот „Рукбан“, се обиделе да излезат од областа Таниф.
Според Јуравлиев, во тој момент, радикалните групи под контрола на САД ги нападнале милитантите и во судирите уништени се 3 пикап возила на милитантите, а 27 милитанти што успеале да избегаат моментално се наоѓаат во рацете на сирискиот режим.
„Милитантите кои се предадоа информираа дека Американците ги обучувале за саботажа на нафтените постројки и транспортните инфраструктури. Исто така и да организираат терористички акции во областите кои се наоѓаат под контрола на сирискиот режим“, нагласи Јуравлиев.
Тој посочи дека 27 милитанти предале рачни бомби и оружје со висок калибар произведени на Западот, и додаде дека Американците на нив им дале и оружје и возила.