Hakan Ceyhan Aydoğan
03 Април 2017•Ажурирај: 04 Април 2017
МОСКВА (АА) – Гласноговорникот на руското државно обвинителство, Александар Куреној, експлозијата во метрото во Санкт Петербург ја опиша како терористички напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Куреној во својата изјава за телевизискиот канал Русија-24, користејќи го изразот ‘напад’ за оваа експлозија, истакна дека е покрената опсежна истрага за овој случај.
Во изјавата на рускиот Комитет за борба против тероризмот (НАК) се наведува дека една друга бомба била деактивирана во метрото во Санкт Петербург.
Во изјавата се вели дека била откриена експлозивна направа во метро станицата „Плоштадотна востанието“ која се наоѓа во центарот на градот, кој потоа бил деактивирана од страна на експертите за детонирање на бомби.
- Експлозијата се случила меѓу двете станици
Во изјавата на НАК се наведува дека експлозијата настанала на 13:40 часот кога возот бил во движење меѓу станиците „Плоштадот Сенаја“ и „Технолошки институт“.
Во оваа изјава се вели дека 9 лица го загубиле својот живот во експлозијата, додека 20 лица се ранети.
Гувернерот Санкт Петербург, Георги Полтавченко, претходно изјави дека бројот на загинатите е 10.
Сите метро страници во Санкт Петербург биле затворени по експлозијата, додека се преземени големи безбедносни мерки во регионите близу местото на случајот.
Исто така, зголемени се безбедносните мерки во аеродромите како и јавниот транспорт во Москва и Санкт Петербург.
Поради безбедносни мерки настанале долги колони од возила во Санкт Петербург.