Diyar Güldoğan
18 Август 2017•Ажурирај: 19 Август 2017
АНКАРА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и неговиот германски колега Зигмар Габриел дискутираа во врска со кризата во Северна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
„Министрите разговараа за ситуацијата во Северна Кореја и за начините за надминување на кризата“, се вели во соопштението од руското Министерство за надворешни работи.
„Лавров и Габриел разговараа за тоа дека не постои алтернатива за политичкото и дипломатското решение на прашањата во врска со Корејскиот Полуостров“, се додава во соопштението.
Исто така, се додава и дека Москва и Берлин ја потврдиле посветеноста за почитување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН.
По изведените тестирања на интерконтиненталните балистички ракети на Северна Кореја, на 4. јули и 28. јули, ОН во почетокот на август наметна нови санкции за Пјонгјанг со голема забрана за извоз на јаглен, железо, олово и морски плодови кои би можеле да ги намалат годишните приходи за една милијарда долари.