Cüneyt Karadağ
18 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
БЕРЛИН (АА) - Германскиот министер за надворешни работи, Хеико Мас, рече дека по 15 јуни ќе го повлече предупредувањето за патувања низ светот, донесено поради новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за германските медиуми, Мас рече дека текот на најновите настани во врска со Ковид-19 се позитивни и затоа се во пресрет на носење нови одлуки.
Наведувајќи дека тие ќе обезбедат информации за патувањата наместо предупредувањето на патниците, Мас рече: „Ние по 15 јуни ќе го повлечеме предупредувањето за патување низ светот. Ќе ги информираме нашите граѓани во која земја можат да патуваат, каде е можен летен одмор и кои правила се применуваат во соодветните земји.“
Истакнувајќи дека годинешниот летен одмор нема да биде како во минатото, Мас рече дека се надева на тоа дека Германците ова лето ќе можат да летуваат во европските земји.
Германскиот министер за надворешни работи, Мас, преку видеоконференција денес ќе разговара со надлежните во Шпанија, Италија, Австрија, Грција, Хрватска, Португалија, Малта, Словенија, Бугарија и Кипар за можностите и условите за одмор.