свет

Русија тврди дека „воспоставила контрола“ над Луганск

- Министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, го известил Путин за „ослободувањето на Народна Република Луганск“, се наведува во соопштението

Elena Teslova  | 03.07.2022 - Обновена : 04.07.2022
Русија тврди дека „воспоставила контрола“ над Луганск

МОСКВА (АА) - Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, го извести денес рускиот претседател Владимир Путин дека украинската самопрогласена бунтовничка Република Луганск, сега во потполност е „под контрола на Москва“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„По успешните воени операции, руските сили и Народната милиција на Луганск воспоставија потполна контрола над градот Лисичанск и низа околни населби“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу го известил Путин за „ослободувањето на Народна Република Луганск“, се наведува во соопштението.

„Вкупната површина на ослободените територии во текот на изминатиот ден изнесува 182 квадратни километри“, соопшти руското Министерство.

Областите Доњецк и Луганск се дел од источниот украински регион Донбас, кој се граничи со Русија. Станува збор за подрачје кое е арена на побуната поддржана од Русија почнувајќи од 2014 година, кога Москва илегално го анектираше украинскиот полуостров Крим.

Претседателот на Русија Владимир Путин ја призна „независноста“ на Доњецк и Луганск непосредно пред почетокот на инвазијата над Украина на 24 февруари.

Како и во случајот со Крим, целиот регион на Донбас сѐ уште е меѓународно признат како територија на Украина, а Украинските вооружени сили продолжуваат да се борат за овие територии.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın