Elena Teslova
19 Ноември 2024•Ажурирај: 20 Ноември 2024
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денес потпиша указ за одобрување на обновената нуклеарна доктрина на Москва, пренесува Анадолу.
Според документот, објавен на веб-страницата на владиниот портал, агресијата врз Русија и нејзините сојузници од ненуклеарна земја со поддршка на нуклеарна држава ќе се смета за заеднички напад.
Исто така, Русија може да користи нуклеарно оружје при критична закана за нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, како и за нејзината држава сојузник, Белорусија.
Во ревидираната доктрина е вклучена и листа на опоненти против кои се имплементира нуклеарното одвраќање и услови за негова употреба, вклучително и лансирање балистички ракети врз руска територија.
Ако една држава ги дава својата територија и ресурси за агресија против Русија, тоа е основа за нуклеарно одвраќање на таква држава, се наведува во обновената доктрина.
Путин ги најави промените во своето обраќање на двегодишната постојана конференција за нуклеарно одвраќање на 25 септември, каде што ја нагласи итноста од ревидирање на документот што, пред сегашната ревизија, ја означуваше употребата на нуклеарната сила како „последна опција“ за заштита на суверенитетот на земјата.