Aida Cako
19 Ноември 2024•Ажурирај: 21 Ноември 2024
ВЕНЕЦИЈА (АА) - Венеција, градот на љубовта и на карневалите, се состои од 118 мали островчиња одделени со канали и претставува една од најатрактивните туристички дестинации во светот, јавува Анадолу.
Природните убавини, архитектурата, каналите, мостовите и културно-историското наследство ја прави Венеција едно од најпосетените туристички места во светот, каде што е роден и познатиот уметник Антонио Вивалди.
Бреговите со вкупно 170 венецијански канали се поврзани со 400 поголеми и помали мостови, а центарот на градот го краси плоштадот Св. Марко, каде што се наоѓаат и истоимената базилика и Дуждовата палата.
Секој агол на Венеција говори за историјата, особено за време на карневалите и маскенбалите, кои магично го оживуваат времето на принцезите, витезите и љубовните заплети.
Венеција е еден од најубавите градови во светот и се наоѓа на листата на културно наследство на УНЕСКО.
Некои од најатрактивните венецијански туристички места се и каналот Гранде, мостот Понте Риалто и базиликата Св. Марија, а еден од условите за целосно доживување на убавината на градот што тоне е возење со гондола по каналите.