свет

Рускиот министер Шојгу: „За десет дена во Украина се убиени 170 платеници“

„Во изминатите десет дена се убиени 170 платеници, а 99 платеници се повлекоа од фронтот и ја напуштија Украина“

Dmitri Chirciu  | 05.07.2022 - Обновена : 06.07.2022
Рускиот министер Шојгу: „За десет дена во Украина се убиени 170 платеници“

МОСКВА (АА) – Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, изјави дека во последните десет дена во Украина се убиени најмалку 170 платеници, јавува Агенција Анадолија (АА).

На состанокот со руските воени официјални претставници, Шојгу изјави дека руските сили напредуваат во војната во Украина и дека на украинската страна има сè помалку странски платеници и припадници на приватните воени компании.

„Во изминатите десет дена се убиени 170 платеници, а 99 платеници се повлекоа од фронтот и ја напуштија Украина“, рече Шојгу.

Истакнувајќи дека руските сили преземаат активност на заштита на бродовите во Црното и Азовското Море, Шојгу изјави дека се отворени два коридора за пловидба на цивилните и комерцијалните бродови.

„Во потполност е отстранета опасноста од мини во пристаништето во Мариупол“, изјави Шојгу,

Тој исто така рече дека руските сили целосно ја презеле контролата врз регионот Луганск и му пружиле помош на локалното население.

„Западот продолжува да испраќа многу оружје до властите во Киев со надеж дека така ќе ја продолжи војната. На Украина ѝ беа предадени повеќе од 28.000 тони воен карго“, рече Шојгу, додавајќи дека дел од тоа оружје завршило и на Блискиот Исток, а дел и на црниот пазар.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.