свет

Во седиштето на НАТО потпишани протоколите за приклучување на Шведска и Финска

„Нашите народи ќе имаат подобра безбедност“, рече Столтенберг, потсетувајќи дека формалната процедура за приклучување на Шведска и Финска е овозможена со трилатералниот меморандум што тие две земји го договорија со Република Туркије

Selen Temizer  | 05.07.2022 - Обновена : 06.07.2022
Во седиштето на НАТО потпишани протоколите за приклучување на Шведска и Финска

БРИСЕЛ (АА) – Претставниците на сите 30 земји членки на Северноатлантскиот сојуз (НАТО) ги потпишаа протоколот и приклучувањето на Шведска и Финска, јавува Агенција Анадолија (АА).

Делегациите на земјите членки се состанаа во седиштето на НАТО во Брисел со цел формално да ја завршат папирологијата во контекст на поканата што лидерите на НАТО ја упатија до Шведска и Финска за време на неодамнешниот самит во Мадрид.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека ова е историски час и за двете нордиски земји и за заедничката безбедност.

„Нашите народи ќе имаат подобра безбедност“, рече Столтенберг, потсетувајќи дека формалната процедура за приклучување на Шведска и Финска е овозможена со трилатералниот меморандум што тие две земји го договорија со Република Туркије за време на самитот во Мадрид.

Тој исто така рече дека денес започнува процесот на ратификација на приемот на Шведска и Финска во НАТО и дека со тоа се потврдува дека сојузот и понатаму е отворен за европските демократии.

Финскиот министер за надворешни работи, Пека Хаависто, порача дека тероризмот претставува закана за сите и дека неговата земја ќе придонесе за безбедноста на НАТО.

Шефицата на шведската дипломатија, Ан Линде, исто така рече дека со приемот на нејзината земја ќе се зајакне безбедноста на НАТО.

Протоколите за прием на Шведска и Финска во наредната фаза мора да ги ратификуваат сите земји членки на НАТО во согласност со своите национални законодавства, односно во националните парламенти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.