Nur Asena Ertürk
24 Јули 2024•Ажурирај: 25 Јули 2024
АНКАРА (АА) - Француската полиција во неделата уапсила руски државјанин поради сомнение дека работел на планови за „дестабилизација“ на Франција за време на Олимпијадата во Париз, јавуваат медиумите, пренесува Анадолу.
Судската истрага е започната вчера, а на осомничениот му е одреден привремен притвор, соопшти Обвинителството во Париз, пренесува весникот „Ле Паризиен“.
Четириесетгодишниот осомничен е обвинет за споделување „разузнавачки информации со странска држава за да предизвика насилство во Франција“.
„Властите во домот на осомничениот пронајдоа елементи што сугерираат дека тој планирал проруски операции за дестабилизација на Франција за време на Игрите“, наведе изворот.
Друг извор истакна дека тоа можело да биде голем проект кој би имал сериозни последици.
Весникот додава дека плановите не вклучувале напади.
Париз се подготвува за одржувањето на Олимписките игри оваа година. Свеченото отворање ќе се одржи в петок на реката Сена.