свет

Руски беспилотни летала погодија трговски центар во Запорожје

Во нападот се оштетени девет станбени згради и шест нерезиденцијални објекти. Исто така, во пожарите предизвикани од нападите уништени се складишта и возила.

Elena Trenchevska Chekovic  | 18.06.2025 - Обновена : 18.06.2025
Руски беспилотни летала погодија трговски центар во Запорожје

СКОПЈЕ (АА) - Серија напади со беспилотни летала се извршени врз југоисточниот украински град Запорожје во текот на ноќта, оштетувајќи ги станбената и комерцијалната инфраструктура, соопштија локалните власти, пренесува Анадолу.

Регионалната воена администрација објави дека 13 беспилотни летала од типот „Шахед“ биле лансирани кон градот, при што шест директно погодиле трговски објекти.

Во нападот се оштетени девет станбени згради и шест нерезиденцијални објекти. Исто така, во пожарите предизвикани од нападите уништени се складишта и возила.

Повеќе од 100 општински работници и 24 единици опрема се распоредени за расчистување на урнатините, запечатување на оштетените згради и враќање на основните услуги.

Властите истакнаа дека ова е втора ноќ со напади врз Запорожје - првата со ракети, а сега и со беспилотни летала.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.