Elvir Hocic
31 Мај 2017•Ажурирај: 01 Јуни 2017
МОСКВА (АА) - Руската морнарица од Средоземното Море ги бомбардираше позициите на терористичката организација ДЕАШ во близина на сирискиот град Палмира, јавува Anadolu Agency (AA).
„Фрегатата 'Адмирал Есен' и подморницата 'Краснодар', позиционирани во источниот дел на Средоземното Море, истрелаа четири проектили кон позициите на терористите на ДЕАШ во Палмира. Сите одбрани цели се погодени“, се вели во писмената изјава на руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека цел на нападот била област во источниот дел на Палмира во којашто терористите на ДЕАШ ја донесоа артилеријата од Рака.
„За нападот претходно се информирани воените официјални лица на САД, Турција, Израел“, се наведува во соопштението од Москва.