Gülbin Yıldırım
31 Мај 2017•Ажурирај: 31 Мај 2017
ВАШИНГТОН (АА) - На германската „Deutsche Bank“ (Дојче банк) ѝ беше изречена парична казна од 41 милион долари од страна на Централната банка (ФЕД) на Соединетите Американси Држави (САД), поради пропустите во борбата против перењето пари, јавува Anadolu Agency (AA).
Според писменото соопштение на ФЕД, „Deutsche Bank“ е казнета врз основа на тоа дека не ги направила потребните контроли за сомнителните трансакции извршени во периодот од 2011 до 2015 година.
Во соопштението се наведува дека Управниот одбор на ФЕД ја донел оваа одлука со цел „Deutsche Bank“ да прекине со своето неверодостојно и неисправно работење. Исто така, според ова соопштение, германската банка прифатила да стави крај на неправилностите по ова прашање.
Од друга страна, германската банка во април доби парична казна од околу 160 милиони долари за прекршување на правилата за меѓународни трансакции на валути, како и на правилото Вокер. Исто така, оваа банка во јануари беше принудена да му плати 425 милиони долари на Одделот за финансиски услуги при сојузната држава Њујорк поради прекршоци во врска со перење пари.