Emre Gürkan Abay
03 Јуни 2022•Ажурирај: 04 Јуни 2022
МОСКВА (АА) - Русија соопшти дека очекува да заработи дополнителни 393 милијарди рубли (речиси 6,3 милијарди долари) во јуни од извозот на нафта и природен гас, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Земјата ќе прими вкупно 656,6 милијарди рубли (приближно 10,7 милијарди долари) преку извозот на нафта и гас во мај и јуни“, се вели во соопштението на Министерството за финансии.
Министерството, исто така, повтори дека годинава нема да работи на девизниот пазар поради привременото суспендирање на буџетските правила.
Европската унија денеска официјално го усвои шестиот пакет санкции против Москва.
Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека пакетот има за цел „да ги зголеми ограничувањата на способноста на Кремљ да ја финансира војната со воведување дополнителни економски санкции“.
Најновите мерки вклучуваат забрана за увоз на руска нафта, давајќи им на земјите членки на ЕУ рок од шест месеци да ја укинат суровата нафта и осум месеци да ги намалат другите рафинирани нафтени деривати.