Ömer Tuğrul Çam
03 Јуни 2022•Ажурирај: 04 Јуни 2022
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) донесе одлука за нови санкции против Белорусија со образложение дека извршила притисок врз граѓанското општество и опозицијата во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Европскиот совет, ќе бидат применети рестриктивни мерки за 12 поединци и 8 организации поради „угнетување и кршење на човековите права во земјата“.
Меѓу оние кои се вклучени во списокот за санкции има функционери од белоруската Влада, бизнисмени, нивните семејства, членови на судството и телевизиски новинари.
На списокот се наоѓа и српскиот бизнисмен Богољуб Кариќ поради односите со Александар Лукашенко и неговото семејство.
Меѓу институциите кои ќе бидат санкционирани се наоѓа и компанијата за производство на ѓубрива од поташа „Беларускали“, извозниот огранок на компанијата „Беларусиан поташ ко.“, државната телевизија и радио „Белтелерадио“, како и компаниите што произведуваат тутунски производи и возила за јавен превоз.
Со претходните санкции на ЕУ кон Белорусија, бројот на луѓе кои се санкционирани се зголеми на 195, а бројот на организации, на 35.
Санкциите вклучуваат замрзнување на имотот и забрана за патување. Покрај тоа, на граѓаните и компаниите на ЕУ им е забрането да го финансираат списокот.
ЕУ воведе различни санкции против Белорусија со образложение дека изборите одржани во август 2020 година на кои победи Лукашенко се фалсификувани и дека опозицијата е под притисок.