Ali Cura
16 Март 2024•Ажурирај: 19 Март 2024
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската војска минатата недела уништила три украински системи Патриот од американско производство, пренесува Анадолу.
Министерството додаде дека рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, ги посетил единиците кои учествувале во судирите во Украина.
Шојгу од командантите ги доби најновите информации за моменталната ситуација во зоната на „специјалната воена операција“.
Командантот на единицата на руските здружени сили, Алексеј Ким, го известил Шојгу дека украинската војска претрпела значителни загуби во опрема и персонал како резултат на нападот со високопрецизно оружје и беспилотни летала.
Ким рече дека само минатата недела биле уништени три системи на Украина „Патриот“ од американско производство, повеќецевен ракетен систем „Вампир“, повеќе од десет артилериски системи од странско производство, складишта за муниција и гориво.
Патриот е американски противвоздушен ракетен систем со среден дострел развиен од компаниите Рејтеон (Raytheon), Хјус (Hughes) и Ар-си-еј (RCA).