Ali Cura
10 Јули 2023•Ажурирај: 11 Јули 2023
МОСКВА (АА) - Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, изјави дека неутрализирале 4.845 странски платеници во украинската армија, главно, од Соединетите Американски Држави (САД), Канада и европските земји, пренесува Анадолу.
Конашенков објави соопштение за странските платеници што учествувале во војната во рамките на киевските сили.
Тој истакна дека обидот за мобилизација во Украина не успеал и дека има значителни загуби во украинската армија.
Конашенков изјави дека Киев ги интензивирал напорите за регрутирање странски платеници од земјите во Латинска Америка, Азија и Блискиот Исток.
Тој додаде дека вкупно 11.675 странски платеници од 84 земји дошле во Украина за да им се придружат на Вооружените сили на Украина од 24 февруари 2022 година, кога започнале судирите.
Конашенков рече дека најголем број платеници дошле во периодот март - април 2022 година.