Ali Cura
03 Април 2022•Ажурирај: 04 Април 2022
МОСКВА (АА) - Замир Кабулов, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за Авганистан, изјави дека талибанската администрација во Авганистан сака да ги продлабочи односите со Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кабулов за државната телевизија „Росија-1“ говореше за односите меѓу талибанската администрација и Русија.
Истакнувајќи дека дијалогот на Русија со талибанците е „пријателски“, Кабулов рече дека тој дијалог не е обична формалност.
„Почувствувавме дека ставот на новата авганистанска администрација е дека сака да ги продлабочи односите со Русија“, рече Кабулов.
Руската делегација на 24 март одржа состанок со талибанската администрација во Кабул, главниот град на Авганистан, а талибанците порачаа дека се залагаат за проширување на соработката со Москва како резултат на овие разговори.