Büşra Nur Çakmak
03 Април 2022•Ажурирај: 04 Април 2022
АНКАРА (АА) - Најмалку шест лица загинаа, а девет се ранети во престрелка во градот Сакраменто, во американската сојузна држава Калифорнија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Полицајците лоцираа најмалку 15 жртви во пукотницата, меѓу кои 6 починати“, соопшти полицијата на Твитер.
Претходно, полицијата апелираше до граѓаните да го избегнуваат подрачјето бидејќи голем дел полициски сили ќе бидат и понатаму на местото на настанот.