Ekipa
03 Април 2022•Ажурирај: 04 Април 2022
КУДС (АА) - Израелската Армија денес соопшти дека распоредила батерии за противвоздушна одбрана за да се справи со евентуална ескалација на различни фронтови, вклучително и офанзива против Појасот Газа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Армијата, Ран Кочав, за весникот „Једиот Ахронот“ изјави дека Армијата е вклучена во сите палестински области и ѝ помага на израелската полиција да ги спречи нападите во Израел.
„Ги набљудуваме Газа, Либан, Сирија, па дури и Синај“, рече Кочав. „Оперираме надалеку и нашироко и ги распоредивме нашите системи за противвоздушна одбрана“, додаде тој.
Кочав изјави дека ситуацијата со Газа е тивка од последната воена операција на израелската Армија во мај 2021 година.
„Армијата“, рече тој, „е извонредно подготвена за Чувар на ѕидовите 2 или каква било друга неопходна операција во Газа.“
Во изминатите денови, Израел регистрира неколку напади, во кои беа убиени најмалку 11 Израелци.
Израелската Армија, од своја страна, ги интензивира своите рации низ окупираниот Западен Брег, при што беа убиени голем број Палестинци.
Веројатно е ескалирање и на ситуацијата во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим) бидејќи екстремистичките еврејски групи повикуваат на упад во комплексот на џамијата „Ал Акса“ за време на светиот муслимански месец Рамазан, кој се совпаѓа со еврејските празници.
Израел го окупираше Источен Ерусалим во текот на арапско-израелската војна во 1967 година. Во 1980 година го анектира целиот град во потег што меѓународната заедница го легитимира.