Fahri Aksüt
30 Мај 2020•Ажурирај: 31 Мај 2020
МОСКВА (АА) - Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи изјави дека Вашингтон го повредува меѓународното право во однос на соработката во здравството, откако Соединетите Американски Држави (САД) ги прекинаа односите со Светската здравствена организација (СЗО), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Марија Захарова за новинската агенција ТАСС изјави дека светот треба да ги консолидира своите напори за борба против ширењето на вирусот Ковид-19.
„Што можат да му понудат САД повеќе на светот од ова“, реторички праша Захарова.
Таа истакна дека тажната слика што се појавила во здравствениот систем на САД за време на пандемијата го оставила Вашингтон без мегдан за да зборува за лидерство во здравството.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера соопшти дека Вашингтон ги прекинува односите со СЗО.
Трамп рече дека овој чекор го презема „затоа што тие [СЗО] не успеаја да ги направат бараните и во голема мерка потребни реформи“, откако го стопираше финансирањето на СЗО од Вашингтон, поради загриженоста дека здравствениот орган на ОН не успеал да се справи со појавата на новиот тип коронавирус.