Elena Teslova
25 Јануари 2017•Ажурирај: 25 Јануари 2017
МОСКВА (АА) – Руските војници изведоа воени вежби во Јужнa Осетија, која еднострано прогласи независност од Грузија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според прес-службата на руските воени сили, воените единици во руската воена база во Јужна Осетија започнале со воените вежби на полигонот „Ѕарцеми“.
Според изјавеното, во воените вежби учествуваат 1.500 војници, во кои биле вклучени и тенкови од типот T-71BM, оклопни возила од типот BMP-2 и самоодна артилерија „Акација“.
Како дел од воената вежба, во која ќе бидат вклучени тенкови и оклопни возила, планирано е гаѓање на симулирани непријателски цели кои ќе бидат лоцирани од страна на беспилотни летала.