Ali Cura
06 Април 2022•Ажурирај: 07 Април 2022
МОСКВА (АА) - Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, истакна дека со ракети со висока прецизност руските сили погодиле пет бази за гориво во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Конашенков даде изјава за акциите на руските воени единици во војната во Украина.
Наведувајќи дека Руската армија утринава употребила ракети со висока прецизност против цели во Украина, Конашенков рече: „Пет бази на складиште за гориво во близина на населбите Радехов, Казатин, Просјанаја, Миколаив и Новомосковск беа погодени со ракети со висока прецизност. Од овие места се доставуваше гориво за военотехничките возила во регионите Харков, Миколаив и Донбас.“
Конашенков ја сподели информацијата дека во една ноќ се уништени 24 воени објекти на Украинската армија, и додаде: „До денес се уништени 125 авиони, 93 хеликоптери, 407 беспилотни летала, 227 ракетни системи за противвоздушна одбрана, 1.981 тенк и оклопни возила, 215 ракетни фрлачи, 854 топа и 1.882 воени возила на Украинската армија.“