Vesna Besic
24 Септември 2022•Ажурирај: 25 Септември 2022
МОСКВА (АА) - По најавата на рускиот претседател Владимир Путин за делумна мобилизација, луѓето денес почнаа да пристигнуваат во центрите за регистрација во Петропавловск-Качматски, во источниот дел на земјата, известува Агенција Анадолија (АА).
Најавата на Русија за делумна воена мобилизација неделава, а и ескалацијата на тензиите, предизвикаа страв од уште еден бегалски бран од Украина.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, пред неколку дена прогласи делумна мобилизација во земјата, што опфаќа околу 300.000 луѓе на возраст од 18 до 50 години.