свет

Русија: Околу 2.000 украински војници се опколени во Луганската Област

„Војниците кои се опколени се предаваат бидејќи комуникацијата со повисоката команда е прекината заедно со другите резерви“, соопшти руското Министерство за одбрана

Elena Teslova  | 24.06.2022 - Обновена : 25.06.2022
Русија: Околу 2.000 украински војници се опколени во Луганската Област

МОСКВА (АА) - Околу 2.000 украински војници опколени во Луганската Област, соопшти денес руското Министерство за одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Војници, меѓу кои и платеници, борци на екстремно десничарската група Десен сектор, се блокирани помеѓу населбите Золоте и Хирске“, изјави Игор Конашенков, портпаролот на руското Министерство за обрана на брифингот за новинарите во Москва.

Портпаролот рече дека во текот на изминатиот ден, 41 војник се предале бидејќи комуникацијата со повисоката команда била прекината заедно со останатите резерви.

„Украинските војници го положуваат оружјето исто така и во другите делови на земјата“, изјави Конашенков, додавајќи дека командантите на украинската војска сега регрутираат необучени граѓани.

Давајќи детали за погодените цели, тој рече дека руските авиони уништиле воена опрема на 367 позиции, пет складишта со муниција и неколку артилериски и минофрлачки единици.

„Вкупно, од почетокот на специјалната воена операција уништени се 213 авиони, 132 хеликоптера, 1.334 беспилотни летала, 350 ракетни системи за противвоздушна одбрана, 3.769 тенка и оклопни возила, 659 борбени возила со повеќекратни ракетни фрлачи, 3.002 теренски артилериски и минофрлачки пиштоли и 3.835 специјални воени возила“, рече тој.

Од почетокот на војната во Украина, според Обединетите нации, животот го загубиле 4.634 цивили.

Според бројките на ОН, над 14 милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови, а 8 милиони пребегале во други држави.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.