Dmitri Chirciu,Emre Gürkan Abay
09 Јуни 2022•Ажурирај: 10 Јуни 2022
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија го прекинала снабдувањето со природен гас на земјите кои одбија да се префрлат на системот за плаќање во руски рубли, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи пред новинарите во Москва, Песков потсети дека Русија вовела нов систем на плаќања во рубли за испорака на руски природен гас.
„Испораките во земјите кои го отфрлаат системот за плаќање на природен гас во рубли се стопирани. Системот е приспособен и работи. Оние кои купуваат гас, работат според новиот систем наведен во соодветниот указ на претседателот на Русија“, рече Песков.
Руската енергетска компанија „Гаспром“ претходно ја прекина испораката на природен гас за Полска, Бугарија, Финска, Холандија и некои европски компании поради неплаќање во рубли.
На 23 март, рускиот претседател Владимир Путин најави спроведување на планот за преминување на руски рубли за плаќање на природен гас.
Новиот систем, кој стапи на сила со декрет потпишан од Путин на 31 март, предвидува земјите кои купуваат руски гас да отворат сметка во „Гаспромбанк“, да вршат уплати, а потоа да ги претвораат средствата во рубли на Московската берза.
Путин претходно изјави дека договорите за снабдување со гас ќе бидат раскинати доколку „непријателските“ држави не го прифатат новиот систем.