Davit Kachkachishvili
09 Јуни 2022•Ажурирај: 10 Јуни 2022
ХАРКОВ (АА) - Две лица го загубија животот, а 4 лица се повредени во двата ракетни напади извршени од руските сили врз украинскиот град Харков, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Руските сили во синоќешниот ракетен напад во Харков го уништија контролниот пункт на влезот на градот и цивилната инфраструктура.
Во писменото соопштение на огранокот на Главната управа на украинската државна служба за вонредни состојби во Харков, се наведува дека во ракетните напади извршени ноќта околу 23 часот, 2 лица го загубиле животот, а 4 лица се повредени.
Исто така, се нагласува дека куќи, работилници, магацини, ресторан и училишна библиотека се уништени од експлозии во областа Новобаварски која се наоѓа во центарот на градот.