Mücahit Aydemir
09 Јуни 2022•Ажурирај: 10 Јуни 2022
ЕРУСАЛИМ (АА) - Палестинското Министерство за здравство соопшти дека млад Палестинец го загубил животот како резултат на отворен оган од израелските сили на окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од Министерството се наведува дека животот го загубил 27-годишниот Махмуд Фаиз Ебу Ајхур, како резултат на отворениот оган од израелските војници во областа Халхул на северот на Хеброн.
Во соопштението не е прецизирана „причината за отворањето на огнот“ од страна на израелските сили.
Се наведува дека Ајхур „бил тешко повреден како резултат на куршуми кои го погодиле неговиот стомак, дијафрагмата и аортата и починал, и покрај сите напори на медицинскиот персонал.“
Израелската армија не издаде соопштение во однос на настанот.