Билансот на убиени Палестинци во израелската геноцидна војна во Газа изнесува речиси 67.200
„Многу жртви сѐ уште се наоѓаат под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 67.160 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти Министерството за здравство денес, јавува Анадолу.
Министерството истакна дека 21 тело биле донесени во болниците во последните 24 часа, додека 96 лица биле повредени, со што бројот на повредени во израелскиот напад достигна 169.679.
„Многу жртви сѐ уште се наоѓаат под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава во соопштението.
Исто така, се нагласува дека двајца Палестинци се убиени, а 19 повредени од израелскиот армиски оган додека се обидувале да добијат хуманитарна помош во последните 24 часа, со што вкупниот број Палестинци убиени додека барале помош достигна 2.610, а повеќе од 19.143 се повредени, сметајќи од 27 мај.
Израелската Армија ги продолжи нападите врз Појасот Газа на 18 март и оттогаш уби 13.568 Палестинци и повреди 57.638, кршејќи го договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што стапи на сила во јануари.
Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.