Saadet Firdevs Aparı
09 Јуни 2022•Ажурирај: 09 Јуни 2022
СЕУЛ - Седум лица починаа во пожар за кој се сомнева дека е подметнат во јужнокорејскиот град Тегу, известува Агенција Анадолија (АА).
Противпожарните и полициските екипи информираа дека во пожарот животот го загубиле најмалку 7 лица, а десетици се повредени.
Пожарот, кој избувнал на 2. кат од една седумкатница, благодарение на противпожарните екипи бргу бил згаснат.
Парк Сеок-Џин, шефот на противпожарната екипа на Тегу, информирајќи дека во пожарот се повредени најмалку 41 лице, од кои повеќето имале проблеми со дишењето поради чадот, додаде дека 26 од нив се сместени на болничко лекување во локалните болници. Тој соопшти дека никој не останал заробен во зградата.
Претставници на полицијата информираа дека постои сомнеж дека пожарот е подметнат во канцелариите на еден адвокат.
Од друга страна, при прегледувањето на снимките од безбедносните камери, забележано е дека осомничениот го напушта својот дом носејќи две кутии за кои се претпоставува дека ги користел за подметнување на пожарот.
Џеонг Хјеон-вок, претставник на полицијата, соопшти дека сите загинати се наоѓале во иста просторија и додаде дека во тек е истрага за откривање на причините на несреќата.