Bedrudin Brljavac
01 Јануари 2025•Ажурирај: 01 Јануари 2025
КИЕВ (АА) - Украинските власти соопштија дека Русија извршила ракетен напад врз Киев првиот ден од Новата година, известува Анадолу.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски на социјалните мрежи објави дека Русија извршила ракетен напад врз главниот град на Украина првиот ден од 2025 година и дека во нападот загинало едно лице во областа Печерск.
Во зградата која била цел на нападот избувнал пожар, кој бил изгаснат од противпожарните бригади на Министерството за вонредни ситуации на Украина. Станарите кои останале заробени во зградата се евакуирани и пренесени во болница.
Од друга страна, Русија и Украина во понеделникот разменија вкупно 300 воени заробеници.
Во соопштението на руското Министерство за одбрана се наведува дека Киев вратил 150 руски војници, а на сите им е пружена психолошка и медицинска помош во соседна Белорусија. Разменети беа и 150 членови на украински воен персонал, а во размената посредуваа Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Москва и Киев извршија речиси 60 размена на затвореници од почетокот на руско-украинската војна која започна на 24 февруари 2022 година.