Русија и Украина ги разменија тела на 31 руски и 1.000 украински војници
- Пратеникот Шамсаил Саралиев изјави дека Русија ги примила останките на 31 војник од Украина како дел од размената и додаде: „Се случи размена на 31 за 1.000. Триесет и едно тело на починатите беа вратени во Русија“
ИСТАНБУЛ (АА) – Русија и Украина разменија тела на загинати војници според Истанбулските договори, потврдија денес официјални лица од двете земји, изветува Анадолу.
Пратеникот во руската Државна дума, Шамсаил Саралиев, изјави дека Русија ги примила останките на 31 војник од Украина како дел од размената.
„Се случи размена на 31 за 1.000. Триесет и едно тело на починатите беа вратени во Русија“, изјави Саралиев за рускиот медиум РБК.
Во меѓувреме, Координативниот штаб на Украина за третман на воени заробеници соопшти дека Русија вратила 1.000 тела во Украина, кои, според руската страна, им припаѓаат на украински војници.
Во соопштението се вели дека истражители од органите за спроведување на законот и стручни институции на Министерството за внатрешни работи ќе спроведат прегледи и процедури за идентификација на телата.
Репатријацијата беше овозможена благодарение на заедничките напори на персоналот на штабот, Службата за безбедност на Украина, вооружените сили, Министерството за внатрешни работи, Канцеларијата на народниот правобранител, Комесарот за лица исчезнати во посебни околности, Државната служба за вонредни ситуации и други безбедносни и одбранбени институции.
Координативниот штаб изрази благодарност до Меѓународниот комитет на Црвениот крст за помошта и упати „посебна благодарност“ до воено-медицинската служба за организирање на транспортот и пренесувањето на останките до форензичките и истражните органи.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
