Elena Teslova
02 Декември 2021•Ажурирај: 03 Декември 2021
МОСКВА
Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, и српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин, се согласија да ја прошират и зајакнат воената соработка меѓу двете земји на состанокот во Москва, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шојгу истакна дека двете земји постепено и успешно ја спроведуваат програмата, усвоена пред многу години.
„Ние секогаш имаме прашања за разговори со нашите српски пријатели. Соработката меѓу Русија и Србија стана динамична и повеќеслојна во последните години“, рече тој.
Од своја страна, Вулин рече дека во блиска иднина во главниот град на Србија, Белград, ќе биде отворена канцеларија на руското Министерство за одбрана, според претходно потпишаниот договор.
Вулин истакна дека руско-српската воена соработка се развива динамично и го пофали придонесот на Шојгу во неа.