Fatih Hafız Mehmet
17 Декември 2019•Ажурирај: 18 Декември 2019
МОСКВА (АА) - Русија и сирискиот режим започнаа заедничка воена вежба во Источниот Медитеран, објавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Командантот на воената вежба, Александар Јулдашев, за руските медиуми изјави дека во вежбата учествуваат руски воени бродови и воени авиони од базата „Хмеимим“, база во крајбрежниот дел на Сирија, како и миночистачи на сирискиот режим.
Јулдашев истакна дека заедничките маневри вклучуваат артилериски оган, како и борба против илегални вооружени групи и беспилотни летала.
Нема информации за времетраењето на вежбата, бројот на персоналот или бројот на бродовите или воените авиони кои учествуваат во вежбата.
Од 2015 година Русија има воени бродови во поморската база „Тартус“ и борбени авиони во воздушната база „Хмеимим“.