Elena Teslova
16 Јули 2021•Ажурирај: 17 Јули 2021
МОСКВА
Русија денеска четврти ден по ред бележи рекорден број на смртни случаи од последиците на заразувањето со коронавирусот, во услови на ширење на варијантата Делта низ земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во текот на изминатите 24 часа починаа 799 лица, додека вкупно од почетокот на пандемијата, 146.868.
Порастот на случаи е и понатаму висок, а во земјата има околу 460.223 активни случаи.
Руските власти соопштија дека порастот на случаи на заразување е предизвикан од ширењето на високопреносливата варијанта Делта и очекуваат дека стапката на морбидитет ќе остане висока најмалку четири до шест недели.
Во јуни официјалните претставници на неколку руски региони, вклучувајќи ја Москва и областа на Москва, наредија задолжителна вакцинација за вработените во различни сектори и воведоа казни за непочитување на мерките.
Во Москва се најавени додатни мерки, вклучувајќи ги ограничувањата за посети на ресторани, забавни и спортски настани.
Официјалните претставници подготвуваат резервни опции за пациентите со Ковид-19 за да ја спречат кризата во здравствениот систем, а затворањето на земјата се смета за крајна опција и ќе биде воведена само доколку другите мерки не бидат успешни.