Emre Gürkan Abay
02 Ноември 2017•Ажурирај: 03 Ноември 2017
МОСКВА (АА) - Сергеј Викторович Чемезов, извршен директор на руската државна фабрика за оружје „Ростек“, изјави дека цената на системот за воздушна одбрана S-400, Турција изнесува над две милијарди американски долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Чемезов за руската новинска агенција ТАСС говореше за договорот постигнат со Турција во врска со рускиот анти-авионски систем за одбрана S-400.
„Износот на договорот постигнат со Турција за испорака на системот за воздушна одбрана S-400 ќе надмине 2 милијарди долари“, истакнаа од „Ростек“.
Да потсетиме, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во изјавата од 12 септември истакна дека Турција потпишала договор со Русија за купување на системот за воздушна одбрана S-400.
Tогаш тој додаде дека Турција, во рамките на договорот, на руската страна ѝ платила и аванс.
Кога ќе се реализира испораката, Турција ќе биде првата земја-членка на НАТО која ќе има систем за воздушна одбрана S-400.
Системот за воздушна одбрана S-400 може да уништи воздушните цели во опсег од 400 километри.