Emre Gürkan Abay
08 Јануари 2020•Ажурирај: 09 Јануари 2020
МОСКВА
Руската Федерална агенција за авијација „Росавиација“ ги советуваше руските авиокомпании да не летаат во воздушниот простор над Ирак и Иран, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава од Росавиација се посочува дека во областите во Иран, Ирак, Персискиот и Оманскиот Залив постојат безбедносни ризици.
Исто така, во соопштението се вели дека руските авиокомпании, вклучително и за транзитните летови, се советувани да не летаат над воздушниот простор во Иран, Ирак, Персискиот и Оманскиот Залив поради безбедносните ризици.
Во утринските часови, во пад на авион на „Украина ерлајнс“ од типот „Boeing 737“ во Техеран загинаа 176 патници и членови на екипажот.