Emre Gürkan Abay
01 Јуни 2018•Ажурирај: 01 Јуни 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за економски развој, Максим Oрешкин, ја критикуваше одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) со која од 1 јуни ќе применуваат дополнителни царински тарифи за Мексико, Канада и земјите членки на Европската Унија (ЕУ) за увоз на челик и алуминиум, јавува Agency Agency (AA).
„Гледаме како САД самата себеси си стои на нога. Поради ваквата политика ќе страда целата светска економија“, рече Орешкин во соопштението.
Тој посочи дека со ваквите постапки САД само ќе ја успорат сопствената економија.
„Каматните стапки во САД ќе се зголемат, додека развојните пазари ќе претрпат штета поради построгите услови за бизнис, трговските ограничувања и забавениот глобален раст“, рече рускиот министер за економски развој.
Потсетуваме, САД вчера објавија дека од 1 јуни ќе применуваат дополнителни царински тарифи за увезениот челик и алуминиум во Мексико, Канада и земјите членки на ЕУ.
Американскиот министер за трговија, Вилбур Рос, изјави дека на 1 јуни истекува временскиот период до кој привремено е одложено стапувањето на сила на дополнителните царински тарифи за Мексико, Канада и ЕУ.
Тој додаде дека преговорите со ЕУ се сè уште во тек, но дека во преговорите со Мексико и Канада сè уште нема резултати. Мексико, САД и Канада од август минатата година сè уште преговараат за модернизација на Договорот за слободна трговија во Северна Америка (НАФТА).
На иницијатива на Доналд Трамп, САД на 23 март воведоа нови царински давачки за челик во висина од 25 проценти и на алуминиум, од 10 проценти. Ова важеше за сите земји што ги извезуваа овие производи во САД, но за Австралија, Аргентина, Бразил, Канада, Мексико, Јужна Кореја и земјите од ЕУ беа одложени до 1 јуни.