Emre Gürkan Abay
24 Февруари 2022•Ажурирај: 24 Февруари 2022
МОСКВА
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека системите за противвоздушна одбрана, воените аеродроми и воздухопловни сили во Украина се неутрализирани со високопрецизно оружје, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на руското Министерство за одбрана се нагласува дека специјалната воена операција во Донбас во источна Украина не претставува закана за цивилите во земјата.
„Воената инфраструктура, системите за противвоздушна одбрана, воените аеродроми и воздухопловните сили во Украина се неутрализирани со високопрецизно оружје“, се нагласува во соопштението на Министерството.