Dmıtrı Chırcıu
13 Февруари 2020•Ажурирај: 13 Февруари 2020
МОСКВА
Во подрачјето на Псков во Русија дојде до сообраќајна несреќа во која учествуваа минибус и шлепер. Во несреќата животот го загубија 8 лица, а 2 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според руската информативна агенција ТАСС, во подрачјето на Псков, минибус со украински таблички, што се движел по Автопатот Санкт Петербург - Невел, се судрил со шлепер.
Во несреќата животот го загубиле 8 лица, а 2 се повредени.
Се дознава дека починатите се државјани на Украина.