Zehra Ulucak
13 Февруари 2020•Ажурирај: 13 Февруари 2020
АНКАРА
Во индиската држава Утар Прадеш се случи сообраќајна несреќа меѓу автобус кушет и шлепер. Во несреќата животот го загубија 13 лица, а 31 лице се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави индискиот весник „Индија тудеј“ („India Today“), Раџеш Кумар, претставник на полицијата, информирал дека двокатниот автобус, што од Делхи се упатил кон подрачјето Мотихари во државата Бихар, во градот Фирозабад на Автопатот Агра - Лакнау се судрил со шлепер.
Кумар соопштил дека повредените се префрлени во локалните болници во подрачјето на Саифаи.
Доктор Вишва Дипак од Одделот за итна помош соопштил дека на самото место на несреќата животот го загубиле 13 лица, а најмалку 31 лице се повредени и се наоѓаат во болница.
Според информациите што ги пренесуваат индиските медиуми, причина за несреќата бил возачот на автобусот, кој заспал и ја загубил контролата над возилото. Во несреќата во целост е уништен предниот дел од автобусот.