Emre Gürkan Abay
15 Февруари 2022•Ажурирај: 16 Февруари 2022
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека воените авиони „МиГ-31K“ и „Ту-22M3“ опремени со хиперсонични ракети се распоредени во воздухопловната база „Хмејмим“ во Сирија за вежбата што ќе се одржи во Средоземното Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на руското Министерство се наведува дека во „Хмејмим“ се распоредени воени авиони со долг дострел „МиГ-31K“ и „Ту-22M3“ опремени со хиперсонична ракета „Кинжал“.
Исто така се наведува дека авионите ќе учествуваат во воената вежба што ќе се одржи во Медитеранот.
Во соопштението на руското Министерство за одбрана од 20 јануари беше нагласено дека руската морнарица во јануари и февруари ќе спроведе воени вежби во сите региони за кои е одговорна.
Најавено е дека на вежбите, покрај 140 бродови, ќе учествуваат и 60 авиони и 10.000 војници.