свет

Русија: 959 украински војници се предадоа од челичарницата „Азовстал“ во Мариупол

Говорејќи на брифингот за новинарите во Москва, портпаролот на руското Министерство, Конашенков, рече дека меѓу нив има 80 повредени, меѓу кои и 51 војник на кои им е потребна хоспитализација

Elena Teslova  | 18.05.2022 - Обновена : 19.05.2022
Русија: 959 украински војници се предадоа од челичарницата „Азовстал“ во Мариупол Фото: Leon Klein/AA

МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека 959 украински војници вчера се предале во фабриката за челик „Азовстал“ во опколениот украински град Мариупол, јавува Агенција Анадолија (АА).

Говорејќи на брифингот за новинарите во Москва, портпаролот Игор Конашенков рече дека меѓу нив има 80 повредени, меѓу кои и 51 војник на кои им е потребна хоспитализација.

Истакна дека сите ранети се пренесени во болници и им е пружена медицинска помош.

Конашенков рече и дека Русија синоќа соборила два украински борбени авиони и 15 беспилотни летала.

„Еден украински авион Су-25 беше соборен од страна на руската противвоздушна одбрана над населените места Триполие на Народна Република Доњецк. Покрај тоа, беше соборен и Миг-29 на украинските воздухопловни сили во близина на селото Камењаја Јаруга, во регионот Харков. " тој рече.

„Уште два украински борбени авиони и еден систем за воздушна одбрана С-300 беа погодени од руските воздушни сили“, додаде тој.

Исто така, ракетните сили и артилеријата погодиле 76 контролни точки, 421 област на концентрација на жива сила и воена опрема, како и 147 артилериски и минофрлачки единици во позиција за гаѓање и понтонски премин.

„Вкупно од почетокот на специјалната воена операција уништени се 172 авиони, 125 хеликоптери, 927 беспилотни летала, 311 системи за противвоздушна одбрана, 3.139 тенкови и други оклопни борбени возила, 389 повеќецевни ракетни фрлачи, 1.548 топови и минофрлачи, уништени се и 2.997 специјални воени возила“, наведе Конашенков.

Најмалку 3.572 луѓе загинале, а 4.062 се повредени во Украина од почетокот на војната на 24 февруари, според проценките на ОН. Се верува дека вистинскиот биланс е многу поголем.

Над 6,2 милиони луѓе пребегале во други земји, а околу 7,7 милиони се внатрешно раселени, според Агенцијата за бегалци на ОН.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.