Elena Teslova
09 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
МОСКВА
Четири лица загинаа и 16 се повредени во пожар кој избувна во дом за стари лица во Москва, соопшти Министерството за вонредни состојби на Русија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во објектот, во моментот на избувнување на пожарот се наоѓале 65 лица. Се сомнева дека причината за инцидентот е краток спој на електричната инсталација“, се вели во соопштението.
„Најмалку 16 лица се хоспитализирани по инцидентот, со повреди на различно ниво на сериозност“, се додава.
Започната е истрага во врска со инцидентот.