Ahmet Dursun
09 Април 2020•Ажурирај: 09 Април 2020
АНКАРА
Во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 во Иран починаа 117 лица, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 4.110. Вкупниот број детектирани случаи на заразени од Ковид-19 се искачи на 66.000, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на иранското Министерство за здравство, Кијануш Џиханпур, имаше свое обраќање на државната телевизија каде соопшти дека во последните 24 часа во земјата се регистрирани 117 смртни случаи, а 1.634 лица биле позитивни на тестот на Ковид-19.
Џиханпур информираше дека според последните информации, во Иран досега од новиот тип коронавирус починале 4.110 лица, а бројот на детектирани лица позитивни на Ковид-19 се искачил на 66.220.
Портпаролот Џиханпур соопшти и дека меѓу лицата кои се лекуваат во иранските болници, 3.918 лица се наоѓаат во критична состојба.
- Позитивен развој на настаните
Од друга страна, растот на новодетектирани заразени од Ковид-19 во Иран е најмал во споредба на периодот од 23 март навака, додека бројката на починати во последните 24 часа е најниска на дневно ниво во последните 25 дена.
Портпаролот на министерството за здравство информираше дека последните 24 часа излекувани се 2.497 лица, со што досега од заразата на новиот тип на коронавирусот Ковид-19 се излекувале 32.309 лица.
Џиханпур соопшти дека досега во Иран се направени 231.393 тестови на Ковид-19.