Ahmet Dursun
30 Април 2019•Ажурирај: 01 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Иранскиот претседател Хасан Рохани истакна дека и покрај санкциите на Соединетите Американски Држави (САД), Иран ќе продолжи да извезува нафта, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во својот говор на церемонијата што се одржа по повод Неделата на работниците во главниот град Техеран, пренесуван од државната телевизија, претседателот Рохани се осврна на санкциите на САД насочени кон иранската економија.
Тој, нагласувајќи дека санкциите директно влијаат врз луѓето, рече: „Подложени сме на бруталните и нелегални санкции од страна на САД, коишто директно влијаат врз народот, особено на работниците и на групите со пониски приходи.“
Рохани истакнува дека борбата против санкциите на САД е можна преку намалувањето на зависноста од нафтата и доволно производство за сопствени потреби.
„САД, со санкциите кон извозот на иранската нафта имаат за цел да ги намалат приходите на девизи. Одговорот на ова е производство и зголемување на извозот на други производи“, додаде иранскиот претседател.
Тој потенцираше дека и покрај санкциите на САД ќе продолжат да извезуваат нафта.
„Обидот на САД да го намалат извозот на нафта на Иран на нула е погрешна одлука. Ние нема да дозволиме таа одлука да се спроведе. И да успеат да затворат одредени патишта за извоз, не се свесни дека ние имаме други врати за излез. Ќе ги натераме САД да клекнат на колена.“