Gamze Türkoğlu Oğuz
30 Април 2019•Ажурирај: 01 Мај 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Пентагон на границата со Мексико, земја која се соочува со мигрантска криза, ќе прати додатни 320 војници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шефот на Пентагон, Патрик Шанахан, го одобри планот за праќање на додатни 320 војници како поддршка на границата со Мексико.
Војниците кои ќе бидат пратени на границата ќе бидат задолжени за управување со возилата на граничната служба кои се користат за превоз на мигрантите.
Додатната воена поддршка до 30 септемри ќе чини 7,4 милиони долари.
Во декември минатата година, конвој со повеќе од 7 илјади луѓе од Централна Америка кои имаа намера да влезат во САД, пристигна во Тихуана, Мексико.
Американските припадници на граничните единици, против мигрантите кои се обидоа да ја преминат границата, а меѓу кои имаше и малолетници, користеа солзавец.