Mustafa Melih Ahıshalı
15 Јануари 2020•Ажурирај: 15 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранскиот претседател, Хасан Рохани, се закани дека во регионот „американските и европските сили не се безбедни“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Иранската државна телевизија, Рохани на состанокот на Кабинетот во главниот град Техеран рекол: „Ние не сакаме во регионот да имаме безбедносни проблеми. Од регионот заминете мудро, без да војувате. Денес американските трупи не се безбедни. Утре и европските трупи може да не бидат безбедни. Дојдете повторно да се вратиме на нуклеарниот договор.“
Искажувајќи дека повлекувањето на САД од нуклеарниот договор има негативно влијание врз безбедноста на регионот, Рохани рече: „Безбедносниот проблем во регионот ќе влијае негативно на безбедноста на САД, Европа и светот.“
- Падот на украинскиот авион
Претседателот Рохани ги покани иранските воени власти да ги споделат со јавноста „вистинските“ факти за падот на украинскиот авион.
„Луѓето очекуваат искрено и лојално однесување на властите. Ги замолувам Генералштабот и воените сили. Споделете ги деталите за настанот со јавноста, од почетокот до крај. Да се извиниме пред јавноста.“
„Падот на патничкиот авион ја шокираше целата земја“, рече Рохани и додаде: „Јас во војната меѓу Иран - Ирак седум години бев одговорен за одбранбениот систем. Ниту во војната, ниту пак во историјата на Иран не е виден ваков настан.“