Elena Teslova
15 Јануари 2020•Ажурирај: 16 Јануари 2020
МОСКВА (АА) - Руската Влада денеска поднесе оставка откако рускиот претседател Владимир Путин предложи уставни измени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Путин ја прифати оставката и побара од премиерот Дмитри Медведев да ја преземе новата улога како заменик-шеф на Безбедносниот совет на земјата.
На состанокот со Владата, по неговото обраќање во Федералното собрание, Путин изјави дека тој треба да ја организира работата за имплементација на задачите искажани во неговиот говор.
Како одговор на повикот на Путин, премиерот Дмитриј Медведев рече дека би било исправно Владата да си даде оставка. „Да му дозволиме на претседателот да ги донесе сите потребни одлуки“, рече тој.
„Како Влада на Руската федерација ние мора да му обезбедиме на претседателот на нашата земја можност да ги донесе сите потребни одлуки и во такви услови мислам дека би било исправно, во согласност со член 117 од Уставот на Руската Федерација, руската Влада да поднесе оставка“, изјави Медведев.
Путин сугерираше да се формира позиција за заменик-шеф на рускиот Безбедносен совет и го назначи Медведев за таа позиција.
Обраќањето на претседателот во Федералното собрание е годишен настан на кој претседателот на Русија ја објавува својата визија за стратешките насоки за развој на земјата во блиска иднина.