Zafer Fatih Beyaz
15 Јануари 2020•Ажурирај: 16 Јануари 2020
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп разговараа телефонски, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Кабинетот на турскиот претседател се наведува дека Ердоган и Трамп разговараа телефонски за билатералните односи и за најважните регионални прашања.
Се наведува дека двајцата претседатели разговарале и за случувањата во Либија.
Делегациите на Турција и Русија во понеделник во Москва одржаа состаноци со страните кои војуваат во Либија.
Договорот за прекин на огнот со заедничка иницијатива на Турција и Русија беше потпишан од легитимната Влада за национално единство (UMH), во присуство на Обединетите нации во Москва.
Страната на лидерот на нелегитимните вооружени сили на истокот на земјата, Калифа Хафтар, побара еден ден за да го разгледа и да се консултира за договорот.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Хафтар ја напуштил Москва без да го потпише договорот.
Сѐ уште нема официјални информации за тоа дали Хафтар е пристигнат во Либија. Се тврди дека тој е отиден во Египет или во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), кои го поддржуваат воено, политички и финансиски.